ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ : Под стрес , под терапија ова лесно не се пребродува – членовите на четирите семејства апелираат за помош (ВИДЕО + ФОТО )

Потребна е било каква донација !!!

1.338

Под стрес , под терапија , ова лесно не се пребродува, сместени сме кај наши роднини кои ни понудија можност за да ни помогнат.Помош пристигна и од градоначалникот , имавме можност да бидиме сместени и во интернатот и во домот за стари лица , а само едно лице од членовите на семејствата кое не беше подвижно е сместено во домот за стари лица а не кај наши роднини зошто е потребна грижа за него “ вели Марина Илиеска . член на едно од семејствата кои ги загубија домовите за време на пожарот на улицата Кузман Шапкарев.

“Буквално зборувам и се ежам , ситуацијата е вознемирувачка , немаме покрив над главата , ѕидовите се целосно до темел срушени , сето е влага и чад , неопходна е целосна реконструкција на сите објекти” , додаде Марина во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  велејќи дека во ова за нив тешко време за опстанок им е потребна било каква донација од страна на хуманите граѓани , фирми , компании се со цел нивниот семеен живот да се врати во нормала бидејќи сите тие се и во роднинска врска , први братучеди.Затоа е отворена и заедничка сметка.

“Дали донацијата ќе биде на лице место или ќе не исконтактираат на нашите телефонски броеви, преку нашите фејзбук профили и од каде и да дојде донацијата верувајте дека ни е добредојдена – рече Марина , вознемирена  од ситуацијата во која се најдоа таа и нејзините роднини. Разговорот во целост погледнете го во видеото подолу.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: