ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Да се отстранат двојазичните табли побараа од ОК на ВМРО- ДПМНЕ Прилеп

475

На прес конференција денеска од ОК на ВМРО- ДПМНЕ Прилеп ги прозваа раководителите на неколку регионалните служби и побараа од нив, како што рекоа да го послушаат својот лидер.
Изјавата ја пренесуваме во целост:

„Во надеж дека ќе ги испере своите валкани раце, Зоран Заев пред изборите одново манипулира со сите граѓани на Република Македонија.
На ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека поставувањето на двојазични табли на институциите во Прилеп било направено по грешка и дека истите ќе биле тргнати.
Токму Зоран Заев е виновникот за провокациите кон граѓаните на Прилеп, под чие менторство беа поставени двојазични табли на Центарот за социјална работа и филијалите на фондовите за здравство и пензиско и инвалидско осигурување.
За тоа колку е загубена неговата позиција и авторитет, зборува и фактот што од коалициониот партнер во власта велат дека двојазичните табли во Прилеп не биле грешка и требало и понатаму да бидат поставени.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува: Дејан Тошески – директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Виолета Малкоска – Тошева, раководител на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Кристијан Пиличев – раководител на Фондот за здравствено осигурување, да го послушаат својот лидер и да ги
отстранат двојазичните табли од своите институции.
Toa e најмалку што можат да сторат пред граѓаните пред да ги напуштат фотељите на 12-ти април.
Лажното ветување за “eдно општество за сите” продре на виделина, а вистината е дека Зоран Заев и тогаш и сега манипулира со граѓаните од сите етникуми и прави раздор.
Прилеп е општина каде се почитуваат верските и национални разлики, иако во градот речиси и да не живее албанско население, но со ваквите потези на власта на СДСМ се подрива толеранцијата и соживотот кој се негува со генерации.
Виновникот за сите неправди, за сите понижувања, за сите поделби има само едно име, а тоа е Зоран Заев.
На 12-ти април Заев ќе положи сметка пред Македонците и пред сите наши сограѓани кои сакаат подобар живот и Обнова на државата,изјави Иван Младеноски, член на ИК на УМС, Регионален Центар за комуникации Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: