ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дали е на повидок земјоделска буна ?!

764

Незадоволството на земјоделците од различни сектори и гранки во земјава, на повидок е да ескалира во заеднички протести. Како што се вели во соопштението испратено од новоформираните тутунски здруженија кои беа предводници на протестите поради ниската откупна цена на тутунот, идејата е да се предизвика вниманието на јавноста за лошата состојба во македонскиот аграр воопшто, независно за која гранка станува збор. Причините за тоа, тутунарите ги лоцираат во повеќе сегменти:   

„Поради лошите одлуки и решенија од страна на владата кон севкупното земјоделие, како предлог законот за продажба на државното земјоделско земјиште, не давањето поддршка на измените на законот за тутун како и последната одлука за зголемување на акцизата на горивата со така наречената еколошка такса, се’ уште не исплатениот 5 ти ковид пакет за тутунарите како и не исполнетото ветување дадено од премиерот на тутунарите за просечна цена од 180-185 денари по килограм предаден тутун, не исплатените субвенции на сточарите, проблемите во лозаропроизводството, оризопроизводството градинарството, и сите земјоделски гранки кои се на раб на уништување,“ стои во соопштението.

Поради тоа,  тутунарите повикуваат на здружување на силите од асоцијациите, здруженијата од сите земјоделски гранки, независно од националноста и верата и политичката припадоност за организација на протести:

„Ние тутунарите!  Ги повикуваме сите земјоделци без разлика на етничка и верска припадност, без разлика на партиската припадност ги покануваме сите: асоцијации, федерации, сојузи, здруженија од сите Земјоделски гранки да ни се приклучат и заеднички да изразиме општ револт и незадоволство од односот на властите кон нас земјоделците и заеднички да изнајдиме решенија за нашите проблеми. Сите оние кои им го посакуваат доброто на земјоделците и кои сакаат да дадат свои идеи размислувања и да се вклучат во организацијата на еден ваков општ Земјоделски протест, Јавно ве повикуваме да не исконтактирате на нашиот фејсбук профил Тутунари од Македонија. Датумот и местото за одржување на протестот ќе бидат соопштени дополнително, “ стои во соопштението испратено до медиумите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: