ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денот на независноста – некогаш, и денес (АУДИО)

Гостин, Илија Димоски, поранешен претседател на Собрание на Општина Прилеп

669

 

 

Како беше пред 27 години на 8 ми септември, денот кој што татковината ќе го памети како голем празник, Ден на независноста.
Наш гостин во емисијата Жешко столче – тогашниот претседател на Собрание на Општина Прилеп, г-дин Илија Димоски.
Како беше тогаш во тие турбулентни времиња во 1991 година?
Спомените за овој голем ден никогаш не бледнеат, зашто Денот на независноста е длабоко врежан во историјата на Република Македонија.
„На достоинствен начин, без присила луѓето го дадоа својот глас за раздружување од Југославија,“ вели г-дин Димоски.
Слушнете го разговорот во рамките на емисијата „Жешко столче“ кој се емитуваше во живо на брановите на Радио Пела ден пред празникот на 7 ми септември.
Емисијата „Жешко столче“се емитува секој петок во 10 часот, а репризните изданија се во недела во 13 ч. и во вторник во 18 ч. на Радио Пела на 96,8 MHz или на нашиот линк за следење преку интернет.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: