ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Детски карневал „Прочка 2018“ (галерија)

877

Повеќе од 200 ученици од сите училишта во Прилеп, продефилираа денеска во центарот на Прилеп. „Европска Унија, „Маша и Медо“, „Фроузен“, ликови од цртаните филмови, од детските приказни, прекрасни весели танчерки … забавно, разиграно, весело, со насмевки придружени со добро расположение и од публиката, го ставија сите овие маски печатот на годинешниот детски карневал „Прочка 2018“.
Овој втор ден карневалски живот на Прилеп, ги воодушеви граѓаните. Оценувачката комисија во состав: Хилда Црнеска-претседател и тројца членови: Габриела Шукуроска, Рубин Белчески и Благоја Атанасоски, со задоволство ги следеа перформансите. Имињата на наградените ќе бидат соопштени утре вечер на забавата под маски во хотелот „Липа“ што ќе се одржи во 21 часот.
Градоначалникот Илија Јованоски, упати покана до граѓаните и љубителите на маскенбалите, да присуствуваат и на утрешната забава.
Утре од 13 часот во центарот на Прилеп ќе се случи главното карневалско дефиле. Попладнето ќе бидат прогласени најдобрите поединечни и групни маски. Вечерта во хотелот „Липа“ ќе се одржи заедничката карневалска забава под маски, на која ќе бидат доделени и дипломите и наградите на најдобрите.
Инаку, „Прочка 2018“ се одржува по 17 пат, во организација на здружението „Прилепски мечкари“ и покровителот на манифестацијата Општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: