ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Детски вело-приказни за подобра и поздрава иднина

435

Денешните деца во најблиска иднина ќе треба да одлучат кој тип на транспорт најдобро ќе ги задоволи нивните потреби, односно ќе почнат да размислуваат дали да користат автобус или воз, дали да возат автомобил, електричен скутер, или можеби велосипед.

Возењето велосипедво просек е 13 пати помалку штетно за животната средина отколку возењето автомобил, покажуваат пресметките на Европската Федерација на велосипедисти (ЕФВ).

Благодарение на поддршката од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, во рамките на проектот „Детски вело-приказни“,создадена е авторска илустрирана приказна за деца во која главни херои се заборавените велосипеди од минатото. Децата, следејќи ја приказната„Ана и нејзиниот велосипед го спасуваат градот“,  содржаните илустрации и прашања, ќе научат многу важни работи за велосипедизмот и екологијата, со цел да станат свесни дека нивните постапки и секојдневни навики влијаат врз планетата Земја.

Приказната има за цел да ги поттикне децата да размислуваат за важноста на велосипедите, нивното влијание врз здравјето, заштедата на енергија, намалувањето на CO2 во атмосферата, и секако крајната цел на проектот – заштита на животната средина, односно намалување на влијанијата на транспортот врз животната средина и здравјето.

Бидејќи здравите навики и еколошката свест најдобро се градат уште од рана возраст, целна група на проектот се децата од предучилишна и рана возраст. Подготвените и печатените материјали во текот на проектот ќе бидат дистрибуирани до градинките и основните училишта во регионот, а истите подоцна ќе бидат достапни за бесплатно симнување. Овие материјали, достапни на македонски и англиски јазик, воспитувачите и наставниците ќе можат да ги користат како додаток во нивната секојдневна работа, со што ќе имаат поголемо влијание врз еколошкиот развој на децата и градењето здрави навики за нивната иднина.

Проектот и приказната ќе бидат промовирани во придружната програма на Театарскиот фестивал за деца „Сиљан Штркот“ на 14 април (сабота), во 18 часот, под градската Саат-кула во Прилеп.

Проектот е осмислен и реализиран од страна на Звонко Димоски (проектен менаџер), Оливера Андоноска (авторка), Јелена Милошевиќ (преведувачка на англиски јазик), Ѓорѓи Десподов (илустрации) и Наташа В. Амбарџиева (едукаторка), а поддржан е од Делегацијата на Европската унија во РСМ.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: