ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Додека политичарите мудруваат, земјоделците осиромашуваат!!!

777

„Власта е задолжена за исплата на субвенциите, а не опозицијата; тутун без пари не се сади; ние сме обесправени, изманипулирани, луѓе од втор ред,“ револтирани коментираат тутунарите на социјалните мрежи во ек на сезона за расадување на тутунот за новата реколта. Тие бараат ВЕДНАШ ДА БИДАТ ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПРЕДАДЕН ТУТУН ОД ЛАНСКАТА РЕКОЛТА,  бидејќи се соочуваат со инфлација, со неможност да ги обавуваат земјоделските работи.

Власта оправдувањето за задоцнувањето на исплатата го наоѓа во законски измени кои треба најпрво да се направат во Комисијата за земјоделство, а потоа техничката измена во Законот да се направи во Собранието.  Министерот за земјоделство Љупчо Николовски  со јавно писмо се обрати и до опозицијата во кое ги повика Мицкоски и пратениците „заедно да им помогнат на земјоделците за нови реколти, поголемо производство и подостоинствен живот, да покажат дека се обединети околу најважните и стратешките приоритети во овој сектор“.

И додека политичарите мудруваат, земјоделците осиромашуваат, притиснати меѓу чеканот и наковалната, принудени да врзуваат крај со крај во борба за опстанок во инвестиции за новата реколта.

За актуелната состојба се огласија  Игор Мирчески и Васко Јосифовски од  новоформираните тутунски здруженија. И двајцата бараат одговори од надлежните, реагираат на партиските препукувања на грбот на тутунарите,  во исчекување на исплатата на субвенциите и за начинот на кој се менаџира ресорното министерство од актуелниот министер Николовски.

Во отвореното писмо до министерот за земјоделство Љупчо Николовски, објавено на социјалните мрежи Васко Јосифоски се оградува од „игрите на политичарите“ и вели:

„Почитуван, Ви се обраќам во својство на обесправен тутунопроизводител..
Мене ама ич не ми е гајле за релациите
СДСМ – ОПОЗИЦИЈА..
Јас знам дека Владата на Македонија претставена преку Љупчо Николовски како министер за земјоделие мене ми должи одредена сума пари на име СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН во моменти кога јас не должам кон никоја државна институција и дека рокот за исплата одамна е поминат..
Дали Вие ќе се карате или тепате со опозицијата е чисто ваш проблем..
Јас немам право да барам ништо од опозицијата бидејќи опозицијата ништо не ми должи..
Престанете да кукате, земете сработете го тоа за што земате плата.. Доколку не сте способен за позицијата која ја држите едноставно, поднесете оставка и оставете некој кој знае и може да го води ресорот земјоделие..
Доколку немате таков во вашето опкружување, тогаш сите поднесете си оставки и на избори дадете шанса луѓето да пресудат..
Вака едноставно веќе не може.., “

Тутунарите и земјоделците се сомневаат во добрите намери на политичарите и нивната душегрижничка улога за примарните производители вели Игор Мирчески од новоформираните тутунски здруженија, кој пак отвара прашања што се однесуваат на дилемата – што се крие зад најавените законски измени?

„Ако функционирањето на државата е доведено во прашање и ако тоа зависи од Мицкоски и опозицијата зошто го држите народот во заложништво до 2024 г. Одете на избори веднаш! Каква е смислата уште 2 години народот да ве плаќа и да биде заложник на вашата неспособност?
Дека тоа е така го докажува и денешното ваше писмо упатено до лидерот и пратениците на опозицијата кое е само евтин популизам и обид за насочување на гневот на тутунарите и земјоделците кон нив од типот – “ние сакаме ама тие недаваат”.
Неисплатата на субвенциите нема никаква допирна точка со приложените измени и со ништо не ги оспорува исплаќањето на истите.
Дали целта е да се истуркаат измени на закон навидум добронамерни и во интерес на земјоделците, зад чии плашт се крие легализирање на тежок криминал со затајување, прикривање и неплаќање на персонален данок и нелегална исплата на субвенции?
Дали се прави обид за исплата на субвенции за тутун на лица кои немаат засадено и предадено тутун и не се во евиденција на УЈП за платен персонален данок, кој данок откупувачите го пресметуваат, задржуваат, евидентираат и уплаќаат на Државата при исплата на секој килограм предаден и откупен тутун. Дали тутунарите се жртва за легализација на криминал кој царува уште со измените на законот за тутун од 2019 година кои под превезот за подобар закон за тутун ја отворија вратата токму за вакви злоупотреби???, ” стои во соопштението на Мирчески.

Во време кога се’ помалку има работна сила  вклучена во создавање приходи за семејството и државата од храна и тутун, прашањето е дали на оваа земја и’ требаат земјоделци?

Кога ќе дојде денот државата навремено да ја подмирува финансиската поддршка за земјоделците без молби и притисоци?

До кога македонските политичари кон вистинските потреби на работниците вклучени во производните дејности ќе се однесуваат како непостоечки, нереални и дури и политички инстриурани ?

Има ли вистинска стратегија државата не за развој – туку за опстанок на земјоделството?!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: