ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дојдоа тивко и … отидоа! Кој се грижи и ги штити правата на „истрошените“ работници?!

716

Дојдоа пеш, од нивната некогашна фабрика „Еурокомпозит“ со два транспаренти, со кои ја кажаа целата нивна мака.

„ Господа кои што земате плати од нас,

   ЗОШТО не го решавате проблемот?!„

и  „Живот НЕ живуркање!„

 

Стоејa два часа  на дождот кој паѓаше на нивните плеќи, но никој не се помрдна. Во безизлезието бараа прием кај градоначалникот, кој, денеска бил отсутен. Бараа да се сретнат со Претседаталот на Совет на Општина Прилеп, но и со него не можеа да остварат средба. Па, по 15 минути преговарања добија средба со Секретарот на  Општината, која, им ветила, дека ќе се изборат за средба со пратениците, (кај оние кои популарно сакаат да ги  нарекуваат “народните пратеници“) ,за  преку нив пак да добијат средба со Премиерот или со заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања.

154 -те работници на Еурокомпозит прогласени како технолошки вишок, бараат да им се исплатат 16-те заостанати плати, придонесите и дел од отпремнината, која им е исплатена само делумно. Во групата незадоволни, се приклучија и оние кои заминаа во пензија,па никако маките да прекинат.

Работниците, оние кои три децении работат во фабрика, сакаа само своите барања, да му ги пренесат на Премиерот, па во понеделникот на пат кон Владата не добиле прием и се вратија без одговор, без надеж и со многу, многу тага, ,прашувајќи се: „Зарем на никој не им е грижа за нас, 154 работници, за нашите семејства, за егзистенционалната мака, за неможноста да се лекуваме, да го прехранеме семејството, за нивната голгота, која трае,трае и не престанува, не живејќи туку живуркајќи го овој век?!“ А, фирмата е во сопственост на државата со 100% капитал!!! Се наоѓа на тлото на Општина Прилеп…и каде да се бараат правата?“, се прашуваат тие.

Не сакаат да блокираат повеќе патишта: „тоа не е добро ниту за нас, ниту за недолжните патници“ велат тие.

Направија иницијативен одбор на работници на Еурокомпозит прогласени како технолошки вишок, за подобро да делуваат, кај институциите но, и тоа не помогна…

Немајќи излез –  дојдоа тивко, пред вратите на луѓето, кои земаат плата од нивната мака и.. отидоа нечујно!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: