ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Домашниот терен“ не е гаранција за победа

583

Победа на „домашен терен“ на стадионот Под Тумбе кафе во Битола против Академија Пандев не успеа да прокнижи бодови и го доживеа вториот пораз на истиот стадион како домаќин 2-4(1-2). „Пандевци“ поведоа со двата гола на Миловановиќ и Шиков, а Победа изедначи преку Ефремов и Мустафов. Сепак, гостите повторно со два гола обезбедија победа, а стрелци беа Миловановиќ и Дориев од пенал. Избраниците на Мегленски треба да жалат за големиот број на пропуштени шанси, зашто немаа среќа на овој меч. Беа подобри, креираа многу шанси по противничкиот гол, додека гостите од 3 акции постигнаа 4 голови.

По шестото коло Академија Пандев е на врвот со 15 бодови, Шкендија е втора со 14 колку што има и Вардар, а на табелата следат Работнички 9, Победа 8, Шкупи 5, Силекс 5, Беласица 5, Ренова 4, Македонија ЃП 3.
Во следното коло кое се игра на 26 Септември Победа и гостува на Шкендија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: