ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За поквалитетно образование, за ООУ „Кочо Рацин“ донација од Фондацијата МСП (Macedonian School Project )

1.307

Во ерата на напредната технологија образовниот процес се спроведува поквалитетно кога постојат можности за користење на современа опрема за едукација, за активно учество на учениците во едукативниот процес.

Согледувајќи ја потребата од овие напредни технологии,  американската непрофитна фондација МСП (Macedonian School Project), која со година наназад помага во поддршката и развојот на образовниот процес во Македонија за подорување на условите во македонските училишта, одлучи годинава со дел од предвидениот фонд за донација, да помогне, токму, во доопремување со електронска опрема за  подобрување на условите за поквалитено одржување на наставно – образовниот процес во прилепското ООУ „Кочо Рацин“.

Донацијата на фондација МСП (Macedonian School Project), во висина од 4.500 $ беше “преточена“ во набавка на две современи е-табли, 2 микроскопи и 2 печатачи, кои што започнаа да се користат во училиштето,  веднаш на стартот на учебна година.

Благодарение на  мултимедијалните алатки  – од презентации, видеа, квизови, истражувања за дадени теми, вежби, па се’ до едукативни игри, е-таблата наиде на широка примена кај учениците. Примената на е-таблата во процесот на современото образование придонесе за поголема мотивација, креативност и ангажираност на учениците, за лесно совладување на наставните содржини, за активно учествување во образовниот процес и поедноставно решавање на зададените задачи. „Сега креативноста и индивидуалната способности  кај учениците доаѓаат до израз„ –  велат наставниците, задоволни што можат своето знаење да им го пренесат на своите ученици на подинамичен и современ начин.  Се разбира, наставата по билогија сега се одвива и со современите микроскопи, “  со кои што им се овозможува на учениците да навлезат подлабоко во науката и научните истражувања“–  велат наставниците.

Комплетно, донацијата од американската непрофитна фондација МСП (Macedonian School Project) видливо придонесува во ООУ Кочо Рацин – Прилеп квалитатвно, преку интерактивна настава, да се збогатат  и подобри образовниот наставен процес, и за тоа , им благодариме на донаторите – истакна директорот на ООУ Кочо Рацин-Прилеп, Зора Чадамова.

Инаку, минатата година поради пандемијата , Фондацијата МСП (Macedonian School Project)  ја откажа својата волонтерска програма за 2020 година. Годинава, извршниот одбор на Фондацијата МСП одобри буџет за 2021 година, кој вклучуваше  четири грантови, од 2.500 американски долари, за училишта во Македонија.

 

Од своето постоење, од 2004 година, Проектот за училишта во Македонија, е непрофитна организација формирана со цел да го промовира меѓународното пријателство преку помагање на македонските училишта со донации, како училишен прибор, компјутери, ЛЦД -проектори, спортска , музичка опрема и многу други предмети што се користат во подобрување на процесот на наставата и учењето, како и помош на други ресурси и можности за вмрежување. Фондацијата досега им помогнала на над 10-тина училишта од различни општини во  Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: