ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ДВАЈЦА ЗАМИНАТИ, ДВАЈЦА ДОЈДЕНИ ВО ПОБЕДА?

289

Во очекување на првите официјални информации од фудбалскиот прволигаш Победа, веќе се појавија медиумски вести за кои нема клупска потврда ниту демант. Така, во врска со местото шеф на Стручниот штаб е објавено дека наместо досегашниот стратег, битолчанецот Димитар Капинковски (47-годишен), во иднина ќе бил Црногорецот Славољуб Бубања (55). И во играчкиот кадар се споменуваат промени – за заминат се смета Дарко Анѓелески (22) во Силекс, а за дојден Нигериецот Удома Чуквума (23) од Пелистер. Сепак, ништо не е сигурно ни конечно. Во поглед на играчите треба многу скоро да биде појасно колкумина од досегашните првотимци остануваат, на кои позиции екипата ќе биде засилена, кога стартуваат подготовките…

Во меѓувреме клубот го решава финансиското прашање, преку преговори со потенцијалните финансиери.

Извор: www.shampion.mk

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе