ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две минимални плати недоволни ни за основните потреби

355

33.538 денари е вредноста на синдикалната минимална потрошувачка  кошница, за едно четиричлено семејство, за август годинава. Тоа биле потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки…

Од минатиот месец, кога потрошувачката кошница изнесувала 33.265 денари, се зголемила за 300 ден, повеќе.Односно, за толку повеќе домаќинствата одвоиле за своите потреби.

Интерсно е што граѓаните, или едно домаќинство,  за култура во август едно одвоило само 1.066,79 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето уште помалку ,716,20 денари, или 2,14 отсто од својата плата.

Податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за врдноста на синдикалната минимална кошница, за август , покажуваат дека најголем дел од средствата се трошеле на исхрана и пијалаци  41,81 отсто или 14.022,45 денари. Потребите за домување биле 10.780,47 денари или 32,14 отсто, за хигиена според минималната синдикална кошница биле потребни 2.366,04 денари, за превоз 2.466,69 денари, за облека и обувки 2.118,95 денари.

За култура во август едно домаќинство одвоило само 1.066,79 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето уше помалку  716,20 денари или 2,14 отсто.

Просечната исплатена нето плата во јуни годинава изнесува 26.867 денари, според тоа 53,47 отсто се троши на храна и пијалоци, 38,79 отсто за домување, 30,47 за комунални трошоци, а 8,32 отсто за покуќнина, опрема за куќа и одржување.  За хигиена се трошеле 8,67 отсто, односно за одржување лична хигиена 3,56 отсто, а за одржување хигиена на домот 5,11 отсто, за превоз 9,11 отсто, за облека и обувки 7, 98 отсто, култура 3,97 отсто, одржување на здравјето 2,64 отсто.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: