ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две прилепски компании во „100 Најголеми“ по приходи за 2021

1.825

Во стотте најголеми македонски компании според остварените приходи минатата 2021 година според специјализираниот портал бизниз мрежа најголемиот дел се од Скопје, а само 2 се од Прилеп. На 64 тото место се наоѓа Прехранбената индустрија Витаминка АД Прилеп со остварен приход од  49, милиони и 567, илјади и 408 евра. Прилепска Витаминка лани покажала раст од 19 отсто, и го подобрила рангирањето на листата за 4 места погоре од претходната 2020 година.

Втора компанија е КОМФИ-АНГЕЛ Прилеп ДОО која се наоѓа на 85 тото место од вкупно 100, со остварени приходи од 38, милиони 710, илјади 476 евра. Комфи Ангел за 17 отсто остварила раст и во споредба со претходната година, го подобрила за 1 место рангирањето на листата.

Што се однесува до рангирањето за остварената добивка во 2021 г МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп се наоѓа на високото 13 то место со вкупно добивка од 14,827,052, што претставува раст од  78%  и искачување на ранг листата од 5 места во споредба со 2020 година. На истата ранг листа ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје е на 28 место со добивка од 5,829,749 со раст од 100% и скок од 20 места на ранг листата од 2020, додека ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ с.Алинци, Прилеп со добивка од  3,412,381 е новорангирана компанија на 48 то место.

Според платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, трета година по ред, се изготвува листата 100 Најголеми“ компании по приходи во Македонија за 2021-та година.

Проектот 100 Најголеми содржи три категории – најголеми компании по приходидобивка и број на вработени. Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.

Предмет на рангирањето на 100 НАЈГОЛЕМИ се компаниите –  трговски друштва во приватна сопственост. Ранг листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица кои не се регистрирани согласно законот за трговски друштва.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: