CSS Template

ЕДНА Е ПОБЕДА ,АМА ЈА “ГРИЗЕ„ ДНОТО

ТОНЕ ЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТИТИНИК ?!

354

ТОНЕ ЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТИТИНИК ?!

Победа не е било која екипа , Победа не е “шо годе” зашто да се облече дресот на прилепска Победа е гордост само да се помисли да се истрча на терен. Ова не е само мое размилување , ова е еден спортски крик од обичниот навивач кој го слави и најмалиот подвиг на својот клуб. Клуб кој е македонски фудбалски бренд , колектив зад кој “штракале” едно чудо луѓе кои биле искрени позитивни и негативни критичари, кои биле и ветер во грб и сламка за спас, а во исто време и рамо за плачење.

Кога и да помине човек покрај фудбалскиот храм,стадионот на Победа, кој сега е само збир на  “ладни” ѕидови и страв од некаква природна “катастрофа” ,низ ушните празнини одекнуваат неделните тапани од РИД и ракоплескањата на МАРКОВИТЕ внуци,  како и чекорите на МАЈМУНИТЕ, кои во еден здив се лоцираа на големата трибина со еден “куп” пароли , знамиња и навивачки реквизити,само да им дадат дополнителен мотив на своите пулени.

Ако тргнеш сто чекори на кај ЧУМОВЧАНЕЦ сеуште “тресе” помислата од идењето на навивачките групи од кај Могилата или пак долж ДИМО  НАРЕДНИКО од кај железницана. Ако пак скршниш од кај стара автобуска подолу уште посилно е традционалното ЗИГЕ ЗАГЕ и како одиш накај ТАБАНА погледот надесно потсетува на  најверните, кои од косо горе кај БРЗА ПОМОШ го следат секој потег на фудбалерите.

АМА ова е минато. Ама ова е само присет на фудбалски ПРИЛЕП кој сега како да е спортски изобличен како внатрешна гума од топка, залепен и го “гризе” дното најфудбалскиот тим кој некогаш “ ко на заебанција” го полнеше градски.

Не е далеку и вистината што сега повеќе Победа се избира на видео игра отколку да се тргне по неа. А и како?! Долг е периодот на гостувања на туѓи терени во различни дестинации и локации кои едноставно не им “лежат” на сегашните фудбалери кои полека тонат заедно со македонскиот фудбалски титаник. Без свој фудбалски терен како и многу други останати клубови , без “цапнување” и тренинг на ГРАДСКИ сево ова личи на “грд сон” од кој секој што барем малку се разбира од фудбал сака да се разбуди.

А, будењето за жал сеуште го нема. Победа во една ваква лоша ситуација си дава сама “автогол” и покрај тоа што нејзините редови се преполни со фудбалски таленти кои немаат елан да ги “зачистат” копачките, а камоли да размислуваат за кариера. И нормално, не е ВИНОВЕН тој што е одговорен да го однесе клубот понапред од она што е , и нормално, не е никој виновен штo “гризе” оваа пуста агонија и дава “ќорсокак” наместо зелено светло за поминување на најтешките моменти за прилепскиот фудбал. Виновна е таа пуста “желба” за мојата, твојата , на оној занаетчија , на тој пазарџија , на истион директор како и лани, на таа продавачка ,на оној чичко ,….ПОБЕДА.

 

Сашо: Татко ми ме носеше за рака на стадион !

Петре: Жена ми ме чека за ручек ,ама недела е – ебаго- да заврши Победа !

Сотир : На бастун ќе одам,  ама Победа морам да ја гледам!

Донка: Снао, ела, топка падна во дворон, пак од кај стадионо!

Ристе: Чекајте море лујџе , пивово да го испијам, Победа не ни бега !

Орде: Комши , че идиш на фудбал?

 

Ова е прилепската слика некогаш меѓу обичниот навивач Сега слика има на веб страна ама ТОН нема , зашто далечна е “пуста” ПОБЕДА , од окото на прилепскиот џек, бадијалџија, молер, газда, сладоледџија и семкар. Далеку од врвот поблиску до дното !

Пишува: Никола Димески

 

 

 

 


semm
Vivafarm
Farma Dolneni