ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЕУ ја избра Општина Прилеп за „Најзелена општина“ во 2021 во Македонија

1.175

Во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Ниредини, заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитриевски, пратеници, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, градоначалникот Борче Јовчески  и официјално денеска ја прими наградата од ЕУ за „Најзелена општина“ во 2021 во Македонија. Прилеп е еколошка приказна која што се гради уште од 2008 та година во соработка со граѓаните со проекти поддржани од ЕУ за подобра и поздрава животна околина.

– Голема благодарност до сограѓаните кои што покажаа како преку едукација за зголемување на јавната свест да го достигниме ова реноме кое што одекна во цела држава. Можеме да се пофалиме дека 40 % од селектирањето на отпадот го вршиме тука во општина Прилеп, а остатокот е низ другите градови од Македонија. Благодарноста е до моите прилепчани кои уште од 2 ри август 2008 та година започна проектот и сепак со надоградување во 2012 та секундарниот отпад веќе континуирано  се селектира и станавме навистина пример во регионот, посочи градоначалникот Јовчески со ветување дека ќе се доизгради фабриката за селектирање на секундарен отпад, со што општината ќе биде пример за грижата во зачувување на еколошката здрава средина во земјата.

Денешната награда е дел од „Зелениот договор“ на ЕУ и тоа е кампања која што ЕУ во земјава ја спроведува , но и дава основна поддршка со цел да помогне во зачувување на животната средина.

–  Ова е само дел од финансиската поддрша која што ЕУ го дава овде во Прилеп, за градот и за самите граѓани, меѓутоа сакам да ве информирам и за дел од финансиската поддршка која што ЕУ дава на општина Прилеп не е само во селекција на тврдиот отпад, туку и финансиска поддршка за изградба на пречистителна станица на отпадните води. Исто така ЕУ даваше поддршка на општината и самите граѓани за изградба на фабриката за селекција на тврдиот отпад, како и новите капацитети кај вештачкото езеро, кој што ќе помогне за развој на нов поздрав животен стил во општина Прилеп. Ми претставува задоволно да кажам дека ЕУ дава финансиска помош и за рехабилитација на домовите т.е на населбата со ромско население. Сето ова се 4 различни позитивни примери кои што реализира практична поддршка посочи  евроамбасадорот Дејвид Гир.

Наградата е резултат на долгорочните заложби на граѓаните, на локалната самоуправа во соработка со централната власт и ЕУ во третманот на тврдиот отпад, а поддршката за изградба на потребната инфраструктура ќе продолжи .

– Одлучивме да земеме заем од ЕБОР во вредност од 55 милиони евра, а со тоа ние сакаме да изградиме регионални депонии. Ова е пример за тоа дека ние како држава како може да одиме напред за чиста околина, со идејата за 0 отпад за рециклирање и селектирање на отпадот, посочи Насер Нуредини, министер за животна средина.

Областа животна средина е една од најважните при нашето приклучување кон ЕУ, меѓутоа уште поважна е за обичниот живот на граѓаните за нашето секојдневие.

-Тоа значи дека во наредниот период и со почетокот на преговорите со ЕУ ќе треба да вложиме сите дополнително напори како да ја исчистиме нашата околина и пред се’ тоа се однесува на отпадот на ниво на општините со изградбата на регионалните депонии, рече Зоран Димитревски, заменик министер за локална самоуправа честитајќи ја наградата.

Инаку, Општина Прилеп е избрана за „Најзелена општина„ меѓу осумте општини кои учествуваа на отворениот повик од делегацијата на ЕУ во Македонија. Признанието е добиено врз основа на 3 критериуми: влијание врз квалитетот на живот, иновативен пристап и  одржливост кон постигнување ефекти на среден и долг рок. Општина Прилеп е успешна приказна за имплементиран систем за селекција и собирање на цврст отпад од врата до врата – воспоставен во 2012 година и надградуван низ годините со цел да постигне покриеност од 75% од домаќинствата.

Во рамките на проектот финансиран од ЕУ „ЕУ за општините“ во општината сала денеска се одржа и конференција на тема „Најдобра пракса за управување со комунален отпад – затоа што немаме резервна планета“ .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: