ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Еурокомпозит – трет ден протести на Илинденска бр. 2 во Скопје

548

Се зголемува бројот на работници кои кампуваат во 10 тина шатори пред Владата на Илинденска бр 2 во Скопје. Од денеска се приклучија и останатите вработени од Еурокомпозит кои вчера протестираа со блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско кај Заполшки мост.
– Трет ден од како протестираме пред Владата и се одлучивме од денеска да се зголеми нашиот број на работници, се упати еден автобус за Скопје. Продолжуваме со штрајковите се до исполнување на нашите барања, а во Прилеп само за денеска се одложени протестите на патот кај Лук Оил, а од утре продолжуваат дел од работниците таму да протестираат. Владата ни предложи една плата и тоа со услов – доколку го напуштиме кампот од пред Владата да ни ја исплати таа плата, а доколку не го напуштиме и таа плата нема да ја земеме.
Нашите барања се да се реши проблемот со заостанатите обврски на државата кон фондот за пензиско и здравствено осигурување за последниве 6 години, да се исплатат сите заостанати плати и за работниците кои ќе останат да работат во компанијата по заминувањето на групата како технолошки вишок – исплата на бруто плата, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит.
Работниците губат надеж дека ќе се решат проблемите за кои во неколку наврати Владата на преговорите вети дека етапно ќе ги решава во рамки на одредени временски периоди.
Синдикалната организација на Еурокомпозит за време на трите дена од протест – кампот пред Владата добива солидарна поддршка од СИЕР, гранковиот синдикат на Сојузот на синдикатите на Македонија, преку обезбедување храна, вода и покривање на дел од трошоците за патување.
Работниците не отстапуваат од барањата за решавање на нивниот социјален статус во Еурокомпозит, компанија за производство на воедна опрема, единствениот прилепски загубар во целосно државна сопственост.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: