ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Евергрин вечер со Добрила, Христијан и Илија, спомен за незаборав

785

Музичкиот кристал Добрила Грашеска, Христијан Ристески и Илија Чакароски на акустични гитари, направија вечерта посветена на македонските евергрини, да остане прекрасно сеќавање. Концертот кој што се одржа синоќа на летната сцена во Центарот за култура, долго се очекуваше и најавуваше како резултат на претходниот, во ист состав, пред 2 години, кој што, во организација на Јавен простор тогаш, донесе многу позитивни коментари и наиде на големо задоволство кај публиката.

„Прилеп треба да се вика Расадник“ ,го започна синоќешното музичко патешествие Добрила, најавувајќи ги двајцата гитаристи, нејзини придружници, Христијан и Илија, зашто, рече таа, градот е токму тоа – расадник од таленти.

Концертот посветен на дамата со кадифен глас, прилепчанката Нина Спирова, започна со нејзините хитови, а публиката заедно со фантастичното трио пееше и уживаше во македонските поп бисери евергрините отпеани за прв пат пред повеќе децении во исполнение на Драган Мијалковски, Верица Ристевска, Мики Јовановски – Џафер и други.

Публиката?! Нели е реткост да се пее и споменува, во време кога тоа најмногу ни треба!

Организаторот, Јавен простор, со поддршка од Општина Прилеп и ЦСЛУ Прилеп ветуваат дека оваа средба посветена на македонските евергрини  ќе има реприза наскоро, а да се надеваме дека соработката на триото Добрила, Христијан и Илија ќе продолжи со нови проекти на задоволство од прилепската публика.

Концертот се одржа со почитување на препораките за Ковид 19 превенција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: