CSS Template

ФК Победа оштетена – бара воведување на видео систем при утврдување на судските одлуките

345

По анализата на вчерашниот натпревар помеѓу Шкупи и Победа, и останатите натпревари кои клубот ги игра надвор поради немање на терен , ФК Победа смета дека во трите пролетни кола, клубот е оштетен поради судска одлука. Затоа ФК Победа АД апелира до Фудалската Федерација на Македонија да се заложи за имплементација на ВАР системот, со кој би се обезбедила поголема регуларност и анализа на спорните моменти, но и заштита на сите фудбалски клубови од несакани или ненамерни судиски грешки.

Соопштението го пренесуваме во целост.

 „Како клуб веруваме дека со воведувањето на оваа технолигија ќе се избегнат непријатните ситуации, за кои ние веруваме дека нема тенденција, но сепак нанесуваат штета на клубовите и спонзорите кои инвестираат во македонскиот фудбал.

ФК Победа АД како клуб во овие 3 кола од пролетниот дел на првенството е оштетена со 4 бодови. Во 19-тото коло на мечот со Пелистер со недосуден пенал, за кој судијата и Комесарот за делегирање се извинија, што ние како клуб го респектираме, но тоа не може да ни ги врати загубените бодови. Во вчерашниот меч од 21-то коло со Шкупи во Битола признат е нерегуларен гол на гостинската екипа од офсајд позиција во 88-та минута.Тоа се вкупно 4 бодови со кои ФК Победа АД би бил во горниот дел на табелата, онаму каде според квалитетот на екипата веруваме дека и ни е местото.Се надеваме и посакуваме дека еден ваков систем и технологија на мониторирање на натпреварите во нашиот фудбал ќе придонесе за минимизирање на неправилностите на задоволство на клубовите и ќе превенира неправди од кои тие трпат големи штети. Истовремено апелираме до делителите на правдата за нивна поголема совесност и одговорност при ноесењето на одлуките“, велат од ФК Победа.

                    
       По натпреварот со Пелистер,каде ФК Победа повторно беше оштетена ВД Претседателот и извршени директор на клубот, Ирена Јакимоска, на прес конференција,тогаш изјави:
„Свесно или несвесно се прават грешки во судиските одлуки кои се рефлектираат на конечните резултати, на фудбалот како спорт, што кај нас во Македонија веќе има негативни ефекти„
       Тогаш од ФК Победа побара да се  иницира формирање на Судска фудбалска академија, каде што ќе се воспостават норми на судењето, со препорака до ФФМ да се најде правилен систем, така што одговорноста на судијата да биде поголема.
           Ова би значело не само по однос на дисциплинска мерка за судијата, тука и самата Федерација да има одговорност кон клубот за кој што комисијата ќе одлучи дека е оштетен по основ на поени и истиот да се обештети финансиски,сметаат од ФК Победа . Крајната цел на овој систем би бил  да се редуцира степенот на грешките при одлуките на судиите кои пак се рефлектираат врз клубовите и посетеноста на трибините.

 

 

 

 

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Penata