ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Фото) Битола во гламурот на 40-тото јубилејно издание на ИФФК „Браќа Манаки“

615

 

 

               Пишува: МАРТИН НИКОЛОВСКИ, 

                 студент по новинарство на  Универзитетот “Хаџи Бајрам Вели“ во Анкара -Туција

 

Битола од синоќа живее во филмската магија. По 40. пат во НУ Центар за култра – Битола беше отворен Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. На црвениот килим пред Центарот за култура во Битола на свеченото отворање поминаа бројни странски и домашни филмски работници, режисери, кинематографери, членови на меѓународното жири како и претставници на највисокиот политички врв, јавни личности и голем број битолчани. Меѓу гостите кои синоќа продефилираа на црвениот тепих беа Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета, директорката на Фестивалот Гена Теодосиевска, битолската градоначалничка Наташа Петровска, претседателот на Друштвото на филмски работници Игор Иванов, уметничкиот директор Благоја Куновски-Доре и ирскиот режисер Џим Шеридан.

Фестивалот го отвори претседателот на држвата, Стево Пендаровски, кој е и покровител на манифестацијата.

Пред почетокот на фестивалот беше поставен перформанс од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ. Во преполната сала, наградата „Златна камера 300“ за животно дело му беше врачена на светски познатиот американски директор на фотографија, Едвард Лакман.

Отворањето на најстариот светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери, беше одбележан со премиерата на филмот „Pain and Glory“ (Болка и Слава) на Педро Алмодовар и со доделувањето на две почесни награди, а на свеченоста присуствуваше и кинематограферот Хозе Луис Алкаине.

Филмовите кои се во конкуренција ги оценува меѓународно жири во состав на Едвард Лакман од САД, Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Македонија.

Со одлука на Друштвото на филмски работници наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ му беше врачена на композиторот Љупчо Константинов.

Во главната програма, за трите награди „Камера 300” (Златна, Сребрена и Бронзена) за најдобар кинематографер ќе се натпреваруваат вкупно 12 филмови: „Болка и Слава“ (Шпанија), „Ајка“ (Германија, Полска), „Лара“ (Германија), „Бикот“ (Русија), „Бел, бел ден“ (Исланд, Данска, Шведска), „Пирани“ (Италија), „Бедници“ (Франција), „Жалиме што ве промашивме“ (Велика Британија, Франција, Белгија), „Езерото на дивите гуски“ (Кина, Франција), „Свиркачите“ (Романија, Франција, Германија), „Невидливиот живот на Евридисе Гузмао“ (Бразил, Германија) и „Синоними“ (Франција, Израел, Германија).

Слоганот на овогодинешното издание на фестивалот гласи „Кажи им на облаците“. Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстариот фестивал во светот посветен на директорите на фотографија. Првпат фестивалот се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки.

 

Фестивалот ќе трае до 21 септември, а ќе биде затворен со премиерата на филмот „Манаки – приказна во слики“. Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините браќата Манаки се митологизирани, а додавање тонови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и така е од големо културно значење не само во Македонија туку и во поширокиот балкански контекст. Поради оваа причина, секој факт и мислење презентирани во филмот „Манаки – приказна во слики“ се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работа, од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како Град на браќата Манаки.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: