ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Богојавление – Водици во македонските цркви низ светот

892

Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква насекаде во светот го започна празнувањето на Богојавление, празник за крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.
Италија, Неиве
Нуркање во ледените води на Танаро имаше денеска, во Неиве, каде што Македонската православна заедница, по јулијанскиот календар, го прослави Богојавление, пишува локалниот весник Газета Де Алба.
Во црквата „Свети Архангел Михаил“, која се наоѓа во историскиот центар на градот Неиве, традиционално се одбележува големиот христијански празник. Многу верници присуствуваа и денеска на црковната богослужба но, и на реката Танаро, Македонци од регионот на Алба и од другите провинции во Пиемонт.

Австралија
Волонгонг
На овој ден, на 19 јануари секоја година, православните христијани низ целата земја се собираат во чест на Богојавление, или Водици, празник посветен на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Низ целата земја, Црквата ги благословува водите на езерата, реките, изворите, плажите и базените, како верни скок во водите за да се обидат да го извадат фрлен благословен крст.
Чесниот крст во Волонгонг денеска беше во рацете на Јакоб Стерјовски.

Перт
Во caбoтa на19 јануари го прославивме Богојавувањето на Пресвета Троица во светот преку Крштението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Во нашата црква Свети Никола се служеше Света Божествена Литургија со Света Причест. Со Светaтa Литургија чиноначалствуваше Отец Станко Јовановски. По Светата Литургија, во дворот на црквата се одржа годишното осветување на водите.
Марко Богоевски беше најсреќен оваа година и го фати Крстот.

Швајцарија 

Семејството Темови оваа година беа најсреќни зашто тие го го извадија положениот крст од осветените води во МПЦО „Свети Наум Охридски“ Тринген

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: