СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

(ФОТО и ВИДЕО) Сите патишта водат кон Трескавец по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица“

574

Во манастирот Трескавец  почитувајќи ги здравствените протоколи, денеска, голем број на верници, пеш по карпестиот планини предел кој го поврзува Прилеп со Трескавец, со автомобили, велосипеди, мотори ,моторцикл, по асфалтираниот пат, изграден предн неколку години, се упатија кон манастирот Трескавец,  и млади и стари, да го допрат чудесниот мир, да се помолат за здравје на овој голем христијански празник „Успение на Пресвета Богородица„, патрон празник на манастирот, чија црква во средишниот двор, го носи името на Упокоението на Мајката Божја .

 

На влезот од манастирот се почитуваа мерките за заштита , а верниците редуцирано, без големи гужви го посетуваа старото светилиште, поставено  на 1300 метри надморска височина, со голема прегледност над Пелагонија. Во манастирскиот дворот, ред, едни влегуваат – други излегуваат, отстапувајќи им место на новодојдените, а пред малата петовековна црква во ред еден по еден, влегуваат верниците да се поклонат пред иконата на Мајката Божја кој го означува нејзиното Упокоение,  поставена во центрлниот дел на црквата.

Прилепчани од памтивека веруваат дека манастирот Трескавец е нивниот духовен извор и заштитник, место   со посебна енергија и смирение.

 
Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе