ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фотографија на денот

555

Не, не ова ниту во Уругвај, ниту во Парагвај, ниту во Индија или во некоја африканска земја или кинеско маало.  Ова е во Прилеп, градот под Марковите кули, и ова, е фототографијата на денот (по прилепски “мајтап на денот “ или ПОДОБРО “опасен мајтап“) која го отсликува нашето секојдневие, на ваков или онаков начин!

Затоа, прилепчани, кога на моменти се прашувате, зошто немате електрична енергија,  или сте лути на кабелските оператори оти немате телефонија, интернет, телевизиски или радио сигнал, сигурно на памет нема да ви падне дека бандерата од вашата или соседната улица е “покосена“ и виси.

Па, во овој случај, ете, се нашол некој дури и да ја поттпре, домаќински,  да не преставува поголема опасност за минувачите, жиците да не се искинат и да бидат опасни по животот на луѓето. Жителите од  ул.„Пане Талески“ велат возило удрило во бандерата, вчера претпладне, а поројниот дожд, пак, попладне,  и таа,  бандерата, останала да „виси“ и да ги стави во опасност сите жители кои живеат тука и врват по таа улица.

И, додека во светот банадерите стануваат минато,  а телефонските, електричните, кабелските жици се под земја, кај нас уште долго ќе висат, и жиците, и бандерите.

Фото: Мики Николоски

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе