ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градската библиотека „Борка Талески“ чествува 1 век од раѓањето на патронот

610

Денеска градската библиотека Борка Талески” ја одбележува 100-годишнината од раѓањето, народниот херој Борка Талески – патрон на институцијата. Чествувања започнаа утринава-делегација на библиотеката положи свежи цвеќиња и се поклони пред бистата на народниот херој и пред спомен обележјето во месноста Чашка.

Во холот на библиотеката, Сојузот на филателистите на Македонија, претстави две свои колекции, како и проектот „Седум народни херои” во чии рамки е и печатењето на поштенска марка со ликот на народниот херој Борка Талески. Во соработка со АД Пошта на Македонија, на денот на раѓањето на Борка Талески, еднодневно е пуштен во употреба поштенски печат со неговиот лик.

– Прилепската библиотека ни прави чест да се придружиме кон одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на народниот херој Борка Талески. Притоа, освен пликовите кои се со печат од Прилеп, носиме и две интересни колекции. Едната е „Народните востанија во Југославија 1941 година” и втората е „Врховниот командант Јосип Броз Тито”. Тоа се колекции собирани 50-60 години, сопственост на филателистот Томче Георгиев кој учествувал на меѓународна изложба и има добиено високи признанија, вели Димитар Горчев, претседател на ИО на Сојузот на филателистите на Македонија.

На платото пред библиотеката со пригодна програма, вечерва со почетокот од 20 часот, ќе се чествуваат ликот и делото на народниот херој Борка Талески.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: