ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Херојски денови во Крушево, започнува „Десет дена Крушевска Република„

337
Крушево од денеска, први август, ги живее најхеројските денови во својата историја. Периодот на Илинденско востание е првиот од неколку Илиндени кои го означуваат опстанокот на државата. Од 1-ви до 10-ти август со богата програма, многу музика, изложби и култура Крушево ќе ги одбележи 10-те дена Крушевска Република.
Како најава за деновите што следат посветени на најголемиот национален празник Илинден беше отворен етно саем, кој го претставува уникатниот изглед на куќите во еден историски момент по кој Крушево е познато. Градоначалникот Томе Христоски најави дека продолжува соработката со Домот на култура “Наум Наумовски Борче”  и се очекува одговор за финансирање на реконструкција на објектот.
Програмата започнува денеска на 1-ви со поворка до Гумење и полагање на цвеќе. Официјалната програма започнува пред споменикот Илинден во 20 часот со повеќе содржини. Настапи на хорови и оркестри на Национална филхрмонија и Национална опера и балет заедно со балерината Ивана Коцевска и „Танец“.
Манифестацијата од 22 часот продолжува на „Гумење“ со читање на Крушевскиот манифест, обраќање на претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски. За музичкиот дел ќе се погрижат Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба. На полноќ – импровизиран напад на градот.
На 2-ри август централната манифестација ќе се реализира на Мечкин Камен.
Од 3-ти, па се до 10-ти август планирани се повеќе содржини  проекции на филмови, концерти, монодрами и друго.
Целосната програма можете да ја проследите од банерот во прилог:

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: