ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Хуманитарен настан на Преродба за помош на прилепските семејства од опожарените куќи

725

Прилеп се сплотува за помош на четирите семејства чии што домови до темел беа изгорени во пожар предизвикан од гром минатата недела. По масовната посетеност на синоќешниот хуманитарен настан во организација на прилепскиот еснаф, вечерва КУД „Преродба“ одржаа хуманитарна  музичко поетска вечер насловена како “НЕ ГОРИ САМО КУЌАТА, ГОРИ И ДУШАТА” на која членовите на Преродба се претставија со песна и поезија. Гостин на вечерта беа од КУД „Моминок“ кои се претставија со неколку ора и песни. Собраните средства од манифестацијата се наменети за помош на прилепските  семејства кои што во овој момент имаат потреба од покуќнина, постелнина и финансиски средства да го поминат најтешкиот период до враќање во своите домови.

 

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...