ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И, Новаци има фудбалерки – шампионки!

291

ЖФК Атлетико освојувајќи го првенството во женскиот фудбал , во категоријата до 17 години, годинава е  шампион на Република Македонија. На освојувањето на пехарот им претходеа 22 кола во кои извојувале 20 победи, една нерешена утакмица и ниту еден пораз. Тимот ЖФК Атлетико – Битола, оваа сезона постигнал вкупно 125 голови а примиле само 6.  „Тоа се одлични резултати за толку млади спортистки„,- вели тренер Никола Гелевски .

А, токму еден дел од тимот, 4 девојки од фудбалските шампионки, се по потекло од Општина Новаци, па  градоначалникот на Општина Новаци,  Стевче Стевановски со право е горд на нивиот успех:

„ Ми претставува големо задоволство што  младите фудбалерки Емилија Петковска од Горно Агларци, Анабела Стојчевска од Далбеговци и Анита Марковска се од Новаци. Општина Новаци секогаш ќе стои позади ваквите млади таленти и ќе ги помага во остварувањето на нивните спортски достигнувања. Им честитам од срце и им посакувам уште многу успеси во понатамошните натпревар “  име Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци при нивната посета во неговиот кабинет

Ова е трета титула за оваа генерација фудбалерки, која најави дека следната сезона, повторно ќе се бори за шампионска титула.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: