ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И во новата сезона суперлигашки ракомет во Прилеп – Чантурија на чело на прилепчани (ВИДЕО + ФОТО)

генералната проба е на меѓународниот меморијален турнир Миле Нешкоски

278

Со нов стратег и со млад ростер , прилепчани ги стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона во суперлигашкото друштво.Многумина заминаа но оние кои се во екипата предводени од новиот играч и тренер Реваз Чантурија ќе се обидат и сезонава да го обезбедат опстанокот.Според првиот човек на клубот Александар Мариноски реалноста и можностите на клубот се и годинава да се опстане во најквалитетното ракометно друштво во земјава , што секако ќе биде и предизвик на екипата која ќе има сосема поинаков изглед од мината година.Сега тука е  искуството на Чантурија , Георгиески и Гогов а сето тоа надополнето со капитенската лента на Шокоски  квалитетот на Бикоски и на останатите кои ќе имаат голема одговорност сезонава.

Во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  гостуваа и претседателот на клубот Александар Мариноски и новиот тренер играч Реваз Чантурија како и капитенот Давор Шокоски.И тројцата со исто мислење дека клубот заради целата финансиска ситуација треба да се потпира на ракометари од својата школа но секако и да се доведат играчи кои ќе бидат по вкус на стратегот Чантурија и ќе ја задоволат неговата стратегија за престојните суперлигашки натпревари.Ракометниот клуб Прилеп генералката пред стартот на првенството ќе ја има на меѓународниот традиционален меморијален турнир Миле Нешкоски , каде покрај Прилеп ќе настапат клубови како Паок , Дубочица, Струга , Скопје.

Сега веќе новиот тренер на прилепчани Чантурија ја знае вистинската слика во клубот па затоа и самиот истакна дека ќе го даде максимумот во новата натпреварувачка сезона и во секој натпревар ќе оди на победа. Разговорот од гостувањето во живо во нашата програма погледнете го подолу.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: