ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И, за искачување на планински врв се наплаќа?! За врвот “Магаро„ цена 200 ден!

656

По вчерашното искачувње на планината Галичица на својтот фејсбук профил ,  Евгенија Здравевска , позната под псевдонимот Зарина Првасевда , позната по својот ангелески глас, која јавноста ја запозна преку уникатните изворни песни, отпеани од неа во планинското ехо , човек кој е страсен љубител на природата,  на планинарењето , на презентирањето на македонските природни убавини,  револтирано од односот кон планинарите кои вчера се искачуваа на Галичица, на врвот Магаро, напиша:

“Ми наплаќате за користење на ресурси – ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите? Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица“ …
Млад дечко, вработен за плата и слушање наредби, излезе од кола спремен со фискален апарат и покрај нашите негодувања, кажа :
” Извинете, знам, неможам ништо да сторам, јас сум само вработен. “…и со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Не услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот.
Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари – биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од Ноември до Април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки…летаме до горе?!

Напишаното ви го  пренесуваме  во целост  А, ние објавивме, да послужи како пример „како не треба“ . Наполеон рекол: „ Глупоста на дугите луѓе никогаш не прави паметни“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: