ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба на слики од Ниче Василев

596

Во ЦК Марко Цепнков,утре ,во Ликовна галерија во Прилеп,од утре па во наредните 12 дена ќе биде поставена интересна изложба на слики од уметникот Ниче Василев.

Уметникот Ниче Василев инспириран од жената, односно женското тело, своите уметнички видувања ги преточува во дела. Тој на неговите слики им дава, една суптилна, онтолошка димензија и ги облагородува со еден благ, но доволно јасен и звучен метафизички квалитет. Женските фигури се елегантни, со Модилјаниевски издолжени вратови, без истите да изгубат од својата поетика и семантика.

Биографија за уметникот:

Ниче Василев роден е во с. Дабиље, Струмичко. Академија за ликовна уметност завршил во Варшава во 1978 година во класата на Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 студирал на Националната академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 г. Живее и работи во Струмица.
Реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и во странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград…
Во 2013 година бил на студиски престој во Париз, Франција со поддршка на Министерството за култура.
Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата Димитар Пандилов на ДЛУМ, наградата Методија Иваноски Менде на КИЦ, Гран при на Остен, Светска галерија на цртежи во 2013, Уметник на годината – 2013, во 2014 на Светска галерија на цртежи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: