ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јовчески: Во вакви нефер околности, местото за политички дуел е изборниот ден

765

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ д-р Борче Јовчески, денеска упати соопштение до медиумите, во кое тој се произнесе околу поканите за учество на дебати. Во соопштението се вели:

“Дебатите се пожелни, но во мојот случај замолувам за разбирање што нема да бидам дел од истите, заради нерасчистените јавни закани по мојот живот и животот на членови од моето семејство. За изнесените закани им благодарам на медиумите кои ги пренесоа, тоа многу ми значеше. 

Оваа одлука ја донесов лично, затоа што заканувачот сеуште е на слобода и за жал од надлежните институции до денес не е преземено ништо. Во ОВР Прилеп исто така доставив и доказни материјали. Искрено верував дека МВР ќе превземе навремени мерки и ќе го расчистат случајот кој не му доликува ниту на Прилеп, ниту на Македонија.

Противкандидатот е од истата политичка партија со оние кои се на чело на надлежните институции, но сметам дека тоа не треба да биде пречка институциите да ги штитат сите граѓани подеднакво, без разлика дали се или не се политички истомисленици со актуелната власт.

Во вакви нефер околности сепак постои место за политички дуел, а тоа е дуелот на изборниот ден, 17ти октомври, кога народот ќе ги даде сите одговори, стои во соопштението на д -р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Инаку, ова ќе го сметаме за одговор на г-дин Јовчески, на упатената покана од редакцијата на Радио Пела, за реализација на дебатна емисија нареднава недела на која се поканети сите кандидати за градоначалници на Прилеп. Минатата недела Радио Пела во рамките на програмата “Радио што се гледа” на Фејсбук платформата, со стриминг во живо на интернет радиото и на Радио брановите (96,8) го емитуваше дуелот на двајцата кандидати за градоначалници на Крушево – Томе Христоски (СДСМ) и Билјана Проескa (ВМРО ДПМНЕ).

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: