ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како да се поврзат социо – економските потреби на заедницата за корисни проекти со видливи резултати?

563

Одговорот на ова прашање го има невладината ЛАГ Агро Лидер која што реализира активности насочени и кон повозрасните од третото доба – штитеници на Домот за стари лица Киро Крстески Платник, кон младите со нивна практична работа и анганжман за вклучување на пазарот на трудот. Од друга страна промоција на здравиот начин на живот, како и енергетски ефикасни јавни објекти, во чија што надоградба се вклучени волонтери, а помагаат приватни компании, со поддршка на амбасадата на Република Австрија.

– Пред се’, да помогнеме за запирање на излевањето на невработен кадар од Македонија кој што бара подобро утре подобра иднина во земјите на Западна Европа. Програми за ангажираност, пред се’ на младите, се многу важни. Би сакал да им се заблагодарам на ЕВН во делот на дуалното образование. Станува збор да го задржиме населението тука, во Македонија, да можат да најдат иднина тука, во оваа држава, а оваа држава има иднина, во тоа сум убеден. Во овој проект станува збор за социјални прашања за здравствени прашања, за социјална инклузија. Воедно, е важно и возрасното, старото население да има квалитетно учество во животот, рече амбасадорот на Република Австрија д-р Георг Вуцас.

Зошто се вклучува ЕВН Македонија?

– Ние активно однапред ја даваме помошта, си определуваме еден ден во годината кога нашата помош ја пружаме кон општеството. Само еден ден во годината! Колку би можел да биде подобар светот?! ЕВН се обиде со волонтерскиот проект токму тоа да го направи. Им даваме можност на 2 илјади вработени на 1 ден во годината да волонтираат, ама и почесто доколку го сакаат тоа. Па така во последните 5 години реализиравме преку 100 проекти. Услугата нашите вработени ја пружаа во јавноста . И многу проекти функционираа без надосмест. Само со глава, срце и малку мускулна сила. А за некои проекти навистина е потребен донатор.И се радуваме ако најдеме донатори. Ни треба и мозок и се радуваме ако најдеме соодветен парнер за соработка. На крајот е сумирана, паметна, одржлива соработка, која што во моментов е на почеток, но се надеваме дека ќе биде продлабочена и ќе трае. Им се заблагодарувам на моите колеги од КЕЦ Прилеп на успешната соработка, посочи Штефан Петер од ЕВН Македонија.

Главната спона за препознавање на потребата и вклучување во иницијативите на ЛАГ Агро Лидер е Министерството за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Австрија.

– Меѓу Австрија и Македонија има многу проекти од подрачјето на социјалната политика, а токму тука во Прилеп има 3 проекти кои што се во тек: проект на професионален анганжман на млади невработени лица, пилотирање на производство и достава на био-храна и проектот кој што ќе го олесни пристапот кон социјалните услуги. Токму овој проект од моја гледна перспектива е доста иновативен. Прво ние ги употребуваме постоечките ресурси тука, во Прилеп. Ние не земаме нешто ново, туку работиме со нешто што го имаме и истото го надоградуваме. Ние следиме социополитички цели, цели кои што се однесуваат на заштита на животната средина. И има одлична соработка со сите релеванти актери: невладина организација во Австрија и во Македонија, Домот за стари лица во Прилеп, ЕВН, и Центарот за социјална работа во Прилеп. Ова се одлични примери од пракса за партнерства помеѓу јавниот и приватниот сектор, потенцираше Хералд Фугер, аташе на министерството на Австрија во Македонија.

Проектот Пилотирање и кетеринг услуги со органска храна е стручна квалификација и анганжман на загрозени млади лица преку заеднички активности на НВО ЛАГ Агро Лидер и Домот за стари лица во Прилеп, квалификација и обавување на практичен тренинг во Домот за стари лица пред се за нивна понатамошна конкурентност во рамките на реалниот пазар на работна сила во државата. Покрај праксата тие се ангажирани и за достава, ја подготвуваат храната и учествуваат како кетеринг сервис. Храната која што им е доставена на луѓето се врши со електрични велосипеди. Проектот со замена на застарените енергетски ламби со нови лед светилки кои  беа купени со поддршка на сојузното министерство за труд и социјала на Австрија, а монтирани од соработниците на ЕВН.

На денешниот настан во знак на благодарност, разбирање и успешна соработка претставничката на ЛАГ Агро Лидер Марина Тошеска им врачи пригодни подароци и признанија на претставниците од австриската амбасада и ЕВН.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: