ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како поблиску до ЕУ фондовите за развој на земјоделието?!

873

Колку земјоделците во Македонија се блиску до користење на мерките и фондовите на (ЗЗП) Заедничката Земјоделса Политика на ЕУ?! Кои се придобивки и предизвици од  ориентирано земјоделство?! Како поблиску до пазарот од 500 милиони луѓе?! Тоа беа тема на дискусија на денешната кампања  под слоганот „Зачекори напред! Изборот е твој“, организирана од Рурална Коалиција, како една од граѓанските организации носители на кампањата . На трибина на тема: Придобивки и предизвици од ЕУ ориентирано земјоделство наиде на голем интерес кај прилeпските земјоделци. На трибината извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, како и експерт/советник од областа на земјоделската пракса, се обидe на земјодлеците да им ги доближи придобивки и предизвици од ЕУ во ориентирано земјоделство како и важноста на Европската Унија и Заедничката Земјоделска Политика, како основна политика на уредување на секторот земјоделство и рурален развој. Таа истакна :

„За  периодот 2021-2027 година се издвојуваат 375 милијадри евра или 40% од вкупниот буџет на ЕУ, а ќе има и пренесување на искуства и од страна на самите земјоделци кои што имале можност да користат фондови и средства од ЕУ. Целта на трибината е информацијата да допре до секој земјоделец, а земјоделците да користат што повеќе европски фондови за развој на земјоделијето, бидејќи земјодлството е двигател на македонската економија и е трет сектор по големина во учеството во БДП на Р.Македонија„- рече Јоноска

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“, започнува информативна кампања преку која, во наредните три недели, на земјоделците ќе им овозможи подобар пристап до релевантни информации поврзани со придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО .

Носители на граѓанската иницијатива се: Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ), Хелсиншки комитет за човекови права, Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Младински образовен форум (МОФ), Цивил, ЕСЕ, Рурална коалиција, Хера и  Центар за современи уметности.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: