ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како постапија институциите со жената што се породи под мостот?!

1.532

„Пациентката и детето се згрижени и изолирани, а за состојбата се известени во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп“, информира Кети Смилеска дир. на Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп.  По брзата интервенција на прилепските пожарникари и Итната помош, жената која синоќа се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“  денеска  таа и детето се под целосна контрола на здравствените работници.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа велат дека се запознати со случајот. Жената која се породила под мостот кај нас. „Димо Наредникот“ е долгогодиштен корисник на социјална парична помош, и , неофицијално дознаваме дека не поседува лични документи и дека досега имала 11 рожби. Дел од децата, се згрижени со соодветна форма на стрателство, а некои од децата се наоѓаат во институциите за згрижување на деца .

 

И, во овој случај,  велат од МЦСР – Прилеп, ќе  се преземат  соодветни мерки според законските прописи за згрижување на детето и мајката.

Ова е познат случај за Центарот за социјална работа во Прилеп. И претходно имаме со ова лице работено. Понудено и’ е согласно нашите механизми за заштита на бездомни лица,  соодветно згрижување и претходно, кое истата го има одбиено. После овој настан ние и понатаму, стручен тим од Центарот ќе работи за поддршка и помош на ова лице, зборуваме за мајката.

По однос на детето, бидејќи се работи за малолетно лице, Центарот, согласно надлежностите кои ги има ќе направи проценка за капацитетите на мајката, и понатаму доколку истата не е во можност да се грижи за детето, ќе си ја обезбеди соодветната форма за заштита согласно законот. Ние како институција и државата има добри механизми за заштита на ваквите лица: за полнолетното лице не одлучуваме, бидејќи се работи за полнолетно  кое може по нејзина волја да ги искористи механизмите кои се нудат за помош на бездомни лица; а по однос на детето, Центарот за социјални работи, како старателски орган за ваквите лица ќе си направи соодветна проценка и ќе обезбеди згрижување во соодветна форма: дали згрижувачко семејство или интервентно во некоја институционална форма.

Прво, оставаме лекарите да ја стабилизираат здравствена состојбата. Во моментот кога ќе може да се комуницира со овие лица, почнува со работа со полнолетното лице Центарот за социјална работа. Очекуваме бебето да си е здраво, да биде во можност за излегување од болница, па потоа Центарот да може да ја пружа заштитата согласно законот која што следува, вели Дејан Тошески од МЦСР-Прилеп .

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: