ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Каква е состојбата со патната мрежа во прилепска Пелагонија?!

Нема отсечени села во прилепско

590

Во Општина Прилеп со 10 машини се расчистува снегот

Во Општина Прилеп од 2 часот по полноќ екипите задолжени за зимско одржување на улиците во општина Прилеп, интензивно ги расчистуваат снежните наноси во градот.
-Чистиме со камион, машина-нож и посипувач. Но, имаме сериозен проблем, бидејќи дел од улиците се сосем непроодни, поради паркираните возила. Чистевме и во населените места и тоа со пет камиони посипувачи и ножеви и три машини со ножеви за чистење. Проодни се патиштата и во Крстец, Тополчани, Ерековци и Големо и Мало Коњари. Во градот имаме служби што во континуитет ги чистат улиците“, вели Александар Здравески од „Елмонт“.
Во расчистувањето на локалната патна мрежа вклучени се камиони со нож и со сеалка, а исто така вклучена е и комбинираната машина скип, особено во оние делови каде не може да поминат камионите.
– Овие два дена имаме премногу работа, но успеваме навреме да се справиме со снегот. Во текот на минатата ноќ на патниот правец Тополчани – Подмол за расчистување на патот беа вклучени комбинирани машини, кои продолжија со расчистување и денеска на патните правци во населените места: Тополчани, Чепигово, Ерековци и Клепач“, изјави Благоја Богоески, од Општина Прилеп.
Освен „Елмонт“и фирмата „Изофас“ исто така со пет машини е мобилна на теренот.
„До десет часот се исчистени улиците и од прв и од втор приоритет. Продолжуваме да чистиме со целата механизација на терен. Снег врне без прекин, така што брзо и лесно се создава нова снежна покривка, која што мора да се отстрани навреме, со цел да нема прекини во сообраќајот“,вели Роми Желческа – Иваноска од „Изофас“.

Каква е состојбата со проодноста на патиштата во општините Кривогаштани и Долнени?
– Во Општина Кривогаштани се реагира благовремено и нема отсечени населени места. Екипите на ЈП Пелагонија го расчистуваат снегот од улиците и локалните патни правци, пред се оние населени места каде се најфрекфентни сообраќајниците како што се Обршани, Крушеани, Пашино Рувци. Нема никакви проблеми и сообраќајот се одвива во зимски услови, но најважно е што нема прекини во сообрајот на патната мрежа во општината, регионалниот патен правец Кривогаштани – Обршани е попесочен од екипите на ЈП Македонија пат,вели Рубинчо Шефтероски, градоначалник на О. Кривогаштани.
За зимското одржување на патната мрежа во општината задолжено е јавното комунално претпријатие.
– Имаше проблем во селото Дреновци, ова населено место заради наноси од снег беше отсечено од светот. Но екипите работеа од ноќеска на релација Долнени, Сенокос, Дупјачани до Дреновци, исто така од Дупјачани, кон Десово и Браилово и Слепче, потоа за Костинци – Црнилиште – Ропотово, патниот правец Ропотово – Дебреште – Лажани- Кошино, Долнени – Заполжани, Долнени – Вранче. Екипите се нон стоп на терен, иако обилните врнежи не прекинуваат, се трудат екипите максимално да го расчистат патот за да се овозможи непречено движење. Се интервенира со екипа од 8 луѓе, со камион – багер и дополнително се ангажирани уште еден камион и багер, вели Урим Ибески, секретар при Општина Долнени.
Инаку, до крајот на метеоролозите најавуваат да се задржи облачно со врнежи од снег, така се очекува нова снежна покривка од најмалку 20 см.Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: