ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

КАПИНКОВСКИ ЗАДОВОЛЕН ОД МАСОВНОСТА НА ПРВИОТ СОБИР НА ПОБЕДА (ВИДЕО)

712

Екипата на есенскиот првак во Втората фудбалска лига – Исток , Победа, првиот овогодишен тренинг го одработи со многубројно присуство на првотимците. На првиот собир во просториите на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп не беше само капитенот Даниел Карчески, кој приклучокот го најавил за утре.

Од минатата есен ги нема Андреј Петкоски, скопјанецот Дарко Дигаловски, неготинците Петар Најдов и Кирил Неделков, но затоа пак има новодојдени – струмичанецот Стефан Истатов (Швајцарија), прилепчаните Марио Наумоски (Брегалница Ш), Филип Димоски (Саса), а за утре е најавено доаѓањето на Дарко Тофилоски и Јорданчо Наумоски (Тиквеш).

Спортскиот директор Благоја Гешоски најави подготовки во Прилеп и Дојран со неколку пријателски мечеви, меѓу кои против Тиквеш и Воска, а шефот на Стручниот штаб Димитар Капинковски изрази задоволство од масовноста на првиот собир (ВИДЕО).

 

https://www.facebook.com/ShampionMK/videos/297604599072917

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: