ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Карневал „Прочка 2020“, пријавувањето започна!

980

Одбројувањето започна до 19-тиот Меѓународен карневал „Прочка 2020“ во Прилеп. Општина Прилеп објави дека во тек е прибирањето на пријавите за учество на манифестацијата која ќе се одржи последниот викенд од месецов, од 28 февруари до 1 март.

Пријавите за учество на карневалот за учесниците од Македонија ќе бидат отворени до 27.02.2020, а пријавите за интернационалните учесници до 20.02.2020.
Дополнителните информации во врска со пријавувањето, можете да ги најдете на следниот линк:
http://www.karnevalprilep.mk/pokana-i-prijava-prochka-2020

Меѓународниот карневал „Прочка 2020“ започнува во петокот со рачно изработени маски од основните и средните училишта од Прилеп. Во сабота на 29 ти февруари се одржува детското дефиле, за учесници до 14 години, а централната манифестација кога ќе се претстават групни, традиционални, и индувидуални маски ќе се одржи в недела на 1 ви март во центарот на градот на плоштадот Гоце Делчев.
Во Прилеп веќе владее карневалско расположение, се договараат идите и маските се подготвуваат, особено оние групните за кои владее најголем интерес.
Традиционалниот фестивал под маски, секоја година предизвикува голем интерес. Учесници на карневалот се сите училишта од општината, организирани групни и индивидуални маски од земјава и од странство, од Србија, Бугарија, Албанија, Хрватска.
Најдобра маска на минатогодишниот карневал „Прочка 2019“ на централното дефиле беше групната маска „Водици во Прилеп“ на прилепското здружение „Прочкари“.Награда за најдобра маска на детскиот карневал, кои влегуваат во категоријата учесници до 14 години, доби основното училиште „Блаже Конески“ со „Мадагаскар. Првото место отиде во рацете на основците од „Климент Охридски“ со маската „Пролеп и облачиња“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: