ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кавадарчанецот Трпчевски ќе ја дели правдата на мечот во Струга

242

Фудбалерите на Победа денеска го имаа последниот тренинг пред стартот на сезоната во елитното друштво на Првата македонска лига. Фудбалската сезона со својот меч утре, сабота 6 август од 17,30 часот во Струга ќе ја отворат домаќинот Струга Трим Љум и прилепска Победа.

Главен судија на мечот ќе биде Стојан Трпчевски од Кавадарци кому ќе му помагаат сограѓаните Драган Трпчевски и Душко Панов, а 4-ти судија ќе биде Благојче Ралевски од Битола. Делегат на ФФМ ќе биде: Сулејман Ибиши од Тетово а контролор на арбитражата Алилерџан Хаџипази од Гостивар.
Мечот во сабота Струга Трим Љум-Победа директно ќе биде пренесуван на програмите на МТВ и Арена спорт.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им излезе во пресрет на Шкендија и Шкупи и ги одложи нивните мечеви. Тетовчани ќе го пречекаат Скопје на 17 август со почеток од 17:00 часот, а бранителот на титулата ќе гостува кај Тиквеш на 7 септември во 16:00 часот.

Во тековната сезона ПМФЛ ќе брои единаесет екипи, поради откажувањето на Ренова.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: