CSS Template

Ќе се снајдат ли пензионерите со новите правила на УЈП?!

339
Avtokontrol1

Дали граѓанинот остварил само плата, или пензија или друг приход, колкав е приходот и колкав е данокот, секој граѓанин ќе треба да потврди во УЈП. Најавата за новиот концепт на Годишната даночна пријава за регистрацијата на физичките лица на системот е-Персонален данок, создаде голем број прашања, особено кај пензионерите ,кои како доаночни обврзници, исто така, според упатствата на УЈП, треба да се пријава во системот е-Персонален данок , без оглед што не остваруваат дополнителни приходи. Тоа е суштината на новиот модел на Годишната даночна пријава,да го регистрира секој даноченобврзник.

На прашањето “дали тоа не е оптоварување за пензионерите кои главно  не се дигитално укии и не користат компјутери и маил адреси?!“ директорката на УЈП Сања Лукаровска,при при посетата на Прилеп истака:

„Нашата обврска е да градиме партнерски односи со даночните обврзници.Пред се превентива, а не репресија! Целта наша е да олесниме, а не да усложниме.

Работиме на изнаоѓање олеснителни околности со кои ќе им помогнеме и на пензионерите и на сите физички лица за поефикасно да ги пополнат електронски даночните пријави. Имаме направено соодветен акционен план како сето ќе се одвива. Достапни сме и транспарентни. За тоа ќе разговараме со градоначалникот на Прилеп како може општината да помогне во регистрирањето на физичките лица, на граѓаните,  Никако нема да дозволиме некој да се почууствува дека му преставува преголема обврска регисстрирањето.Има уште многу други начини…Навремено ќе ја информираме јавноста – посочи Лукаревска за Радио Пела, при посетата на Прилеп

Лукаревска при посетата на Прилеп го посети и Тутунискиот кобинат и ЈКП „Комуналец.Таа истакна дека  прилепскиот Тутунски Комбинат ги надмина сите долгови, а со прилепското јавно претпријатие „Комуналец“ е договорена динамика на подмирување на долговите.

 


semm
Penata
Vivafarm
Farma Dolneni