ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кога ластовиците се селат на југ

2.397

Фотографиите се оригинални и се од Битола. Вчера јато ластовици можеа да се видат,како се собираат да го запонат својот лет кон југ.  Кога ластовицит одлучуваат да се селат на југ, не патуват сами.  Збунивачко е сознанието како знаат дека треба да патуваат во група?! Како знаат дека во група ,во јато ,се посигурни,и како знаат кога тоа да го направат?!

Очигледно, нагонот за преселување во одредено време  од годината и во одреден правец е вроден. Орнитолозите биле зачудени кога откриле дека една мала птица, како што е ластовицата, може да направи едно кружно патување од 22.500 километри пред да се врати во истото гнездо следната пролет.

Колку и да се чини неверојатно, ластовици од Британија и од Русија биле пронајдени како зимуваат заедно илјади километри далеку од дома — во најоддалечениот југоисточен врв на Африка.

Што ги тера птиците да патува на другата страна од Земјината топка? Или, како што вели една шпанска поговорка: „Ластовичке, зошто си го напушташ гнездото?“ Дали е тоа поради студот или за да најде храна? Без сомнение, одговорот е нивната потреба од сигурна залиха со храна, а не почетокот на зимското време. Но, селењето на птиците не е само патешествие во потрага по храна. За разлика од човечките мигранти, птиците не чекаат времињата да бидат лоши за да се преселат.

Научниците откриле дека пократкиот ден е тоа што го предизвикува нагонот за преселување. Заробените птици стануваат немирни кога ќе се намали дневната светлина на есен.

Како птиците успешно се ориентираат на огромните растојанија?

Многу се селат преку безлични океани и пустини, правејќи го тоа и дење и ноќе. На некаков начин, тие остануваат на својот пат и покрај бурите или страничните ветрови.

Навигацијата — особено преку пространи океани или пустини — во никој случај не е лесна. На човекот му требале илјади години да го совлада тоа. Кристифор Колумбо никогаш не би се осмелил да оди толку далеку преку океанот без навигационите помошни средства како што се астролабот и магнетниот компас. И покрај тоа, кон крајот на неговото прво патување, токму птиците биле тие кои му го покажале патот до Бахамските острови. Следејќи го обичајот на древните морепловци, тој го променил својот курс спрема југозапад кога здогледал копнени птици преселници кои летале во таа насока.

По сто години интензивно истражување во областа на селидбата на птиците, научниците почнале да ги почитуваат нивните „ситни мозоци“. Откако ги утврдиле главните патишта за селење, научниците можат само да се чудат на неверојатните растојанија што ластовиците ги поминуваат. Дење се водат по сонцето, а ноќе по ѕвездите. Кога е облачно, го користат Земјиното магнетно поле и брзо учат да ги препознаваат познатите пејсажи. Можно е да се ориентираат дури и по мирис и по инфразвучни бранови.

На кој начин своите патувања ги „зацртуваат во мапи“, останува мистерија. Знаеме каде одат сите ластовици, но не знаеме како стигнуваат дотаму. Сепак, кога на есен ќе видиме како ластовиците се собираат во јата, можеме само да застанеме и да се восхитуваме на мудроста на Бог кој ја овозможил нивната селидба.

Фото:од фејсбукот на Танја Тасковска

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: