ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кои кандидати за градоналници се познати за Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани?

1.129

До денеска на полноќ е последниот рок до кога дел од кандидатите за градоначалници треба да ги поднесат документите за нивната кандидатура за локалните избори. Политичките партии и независните кандидати имаат обврска кандидатурите да ги поднесат до Општинските изборни комисии. Комисиите се обврзани со своите тимови да дежураат до завршувањето на рокот.

Засега се познати четворица кандидати за градоначалници за Прилеп: прв својата кандидатура ја најави адвокатот Жарко Стеваноски од независната иницијатива „Че вреди“, потоа следеше кандидатурата од опозициската ВМРО ДПМНЕ со промоција на д-р Борче Јовчески. Во изборната трка за функцијата – градоначалник се вклучи и коалицијата ЛДП – ДОМ со кандидатот Славе Петрески, а партијата на власт СДСМ го промовираше Горан Сугарески.

За општините во регионот, познато е дека во изборната трка за градоначалници се вклучуваат: во општина Крушево актуелниот градоначалник Томе Христовски (СДСМ), Билјана Проеска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во општина Кривогаштани познато е дека поднесена е кандидатурата за Александар Богданоски од ВМРО- ДПМНЕ и на Никола Мисоски од СДСМ. Додека пак во општина Долнени засега е познато дека во трката за градоналник влегува Аднан Џаферовски од СДСМ и Ладо Глигороски од ВМРО ДПМНЕ.

Дали има и други кандидатури ќе се знае утре, 12 ти септември, кога ќе бидат познати листите доставени до Општинските изборни комисии. За 7 денови, Општинските изборни комисии ги доставуваат листите до Државната изборна комисија и тогаш со ждреб се одредува распоредот на изборното ливче. Локалните избори ќе се одржат на 17 ти октомври.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: