ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Концерт на етно класичниот хор „Серенада“ во Цепенков

246

Етно класичниот хор „Серенада“ под диригентската палка на Петар Џартовски ќе одржи концерт на 23 август 2022, утре, вторник, од 20.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“.

Хорот „СЕРЕНАДА“  е чувар на културно уметничко богатство. Постои повеќе од три децении. Порано се викал „Борец“ , а сега се вика етнокласичен хор „Серенада“. Во изминатите години успешно настапувал на бројни манифестации, а во 2018 година се претставил во Република Грција на Меѓународна смотра на хорови од Европа и Блискиот Исток, каде е добитник на плакета и ЦД во кое се опфатени сите хорови кои настапувале на  фестивалот. Од 2019, кога хорот го презема диригентот Петар Џартовски, настапува на: Прилепско културно лето, Меѓународен хорски фестивал – „Скопје пее“, на 20-годишен јубилеј на Универзитетот трето доба, Манифестација „Вања Лазарова“, 75 години од одржувањето на Главната конференција на АФЖ.

Во програмата Хорот „СЕРЕНАДА“ исполнува етно-класични песни од македонското поднебје, обработени за хорска изведба, од Шуплевски, Стеван Гајдов, Бадев и др. и новокомпонирани македонски песни . Во хорот членуваат лица вљубеници во хорското пеење. Диригентот Петар Џартовски е професионален музичар, пензиониран од Македонска опера и балет и хорот многу му значи за продолжување на музичките активности.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: