ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Концерт на м-р Лазар Соколов (кларинет, саксофон) во пијано придружба на Емилија Кабранова Филипова

353

Утре, на 23 септември 2022 /петок/ од 19 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одрж м-р Лазар Соколов (кларинет, саксофон), во пијано придружба на Емилија Кабранова Филипова (пијано).
Со концертот Соколов ќе се одбележи 10 години концертна и педагошка дејност.

М-р ЛАЗАР СОКОЛОВ е роден 1987 година во Кавадарци, каде го завршува основното музичко образование како “Првенец на генерација 2002”. Средното музичко го продолжува во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј’’ Скопје, во класата по кларинет на проф. М-р Петар Колевски. Дипломира на ФМУ – Скопје кај проф. м-р Стојан Димов. Во 2012 се стекнува со звање магистер по кларинет, кај истиот професор. 2021 година, започнува со
додипломски студии за саксофон, кај проф. М-р Нинослав Димов.Од 2010, во дуо-состав со пијанистката Ана Арангелова, активно учествува во концертниот живот на Македонија и надвор од неа. Своето камерно и оркестарско искуство го бележи по настапите како солист со симфониски оркестри, соработка со камерниот ансамбл “Полифонија“ од Берлин, градските оркестри на Скопје и Кавадарци, оркестарот на МММ (Музичка Младина на Македонија), на реномирани фестивали “Охридско лето“,“Скопско лето“,“Денови на македонска музика“, “Кавадаречка културна есен“, “Кавадарци- град на културата“, “Заједно“ Макарска, Р. Хрватска, “Битолско лето“, настап со „Леб и сол“ на “Зајечарска Гитаријада“ Зајечар, Р. Србија, турнеа во Македонија со Леб и Сол. Од 2015 год. е член на клавирско трио (флејта – Силвана Ч. Атанасова, кларинет и саксофон – Лазар Соколов и пијано – Емилија Кабранова Филипова)…

Емилија Кабранова Филипова-родена е 1983 во Неготино. Започнува да свири пијано на 8 годишна возраст. Уште од мала возраст добитник е на награди од државни натпревари. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј“ во класата на проф.КристинаАнгеловска, а дипломирана ФМУ Скопје во класата на проф.Стела Слејанска. Добитник е на прва награда на меѓународниот натпревар за пијанисти,,Интерфест,,-Битола,трета награда на меѓународен натпревар ,,Роверед,оро,, во Сан Бартоломео во Италија, прва награда на конкурс по полифонија на ФМУ итн.  Настапувала камерно во дуо со сопран, дуо со виолина и реализира концерти во Велес и во Попово-Р.Бугарија. Настапувала и во трио со виолина со пран со самостојни концерти во Неготино на манифестацијата ”Топол културен бран”, потоа во Виница, Велес. 2014 настапила со ова трио на манифестацијата ”Културно лето Карпош” во Скопје. Официјален корепетитор е на меѓународниот натпревар “Охридски бисери”.Соработува и со ООМУ,,ЛазоМицев-Рале,,-Кавадарци како пијано придружник. Од 2015 год.настапува во триото ,,Ад либитум,, со флејта и кларинет (саксофон) со кое настапиле низ Македонија во 2015 год. во Кавадарци на манифестацијата ,,Кавадаречка културнa есен” 2016, Штип, Велес, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Струмица, потоа двапати на фестивалот„ Врњци“2016 и 2018-Врњачка Бања-Р.Србија, “Скопско лето”2016, 2020, концерти низ Хрватска во Макарска, Градац и Омиш-„Омишко лето“ 2016. Потоа настапи на “Прилепско лето2016 и 2017”,”Бит-фест”-Битола и во Балчик, Р.Бугарија на фестивалот” Balchik classic days”, 2018 во Софија во КИЦ на Р.Македонија, 2018 во Прилеп во склоп на манифестацијата “Нов културен бран”,

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: