ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево затрупано со снег

424

Утрово во 7 часот најмногу снег има во Крушево 65 . Снегот кои паѓаше и вчера  донесе низ проблеми во расчистување на крушевските улици. Ваква состојба беше затекната на дел од улиците Манчу Матак и Благој Целев и во дел од Струнга маало. Тесните улици, големите количини на снег и паркираните автомобили беа причини снегот да се чисти со големи потешкотии, а теренот да биде исклучително небезбеден, велат општинските власти

Во текот на вчерашниот ден, (09.03.2022), градот доби пријави и поплаки од граѓани кои најмногу се однесуваа на неисчистени улици во маало Струнга.

Сакаме да ги известиме граѓаните дека пристапот за механизацијата на ЈП „Комуна“ Крушево е крајно небезбеден и нашите возачи заедно со вработени во претпријатието на терен се соочија со опасности кои можеа да доведат до оштетување на механизацијата и до повреди на лицата присутни на терен. Исто така, на овие неколку локации беше исклучително тешко да се чистат улиците со премногу паркирани возила и големи количини на снег.Меѓу другото, целта на оваа активност беше и да се обезбеди пристап до контејнери со цел денес во попладневните часови да се одведе насобраниот отпад. Напоменуваме дека пристапот на неколку локации може да биде отежнат и ги оневозможи службите да го одведат отпадот. „- велат од општината

Во пресрет на викендот, ЈП „Комуна“ Крушево ќе работи на оспособување на паркинг. За таа цел општината апелира до граѓаните наутро ,краткотрајно, да ги отстранат своите возила од местото „Гумење“ за да може во текот на денешниот  ден да се обезбеди поголем паркинг.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: