ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Лашкоска: ВМРО-ДПМНЕ бара изменување и дополнување на Законот за тутун

459

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог за закон за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поради недоследноста во примената и извршувањето на постоечкиот Закон, потребите на граѓаните се причината за овие предложени измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се во функција на допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун. Целта на Предлог законот кој што ќе го поднесеме е да се надминат проблемите и да се обезбеди правна сигурност при откуп на тутунот и покрај поднесен приговор и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун. Имено, за увезениот необработен тутун, увозникот ги избегнал сите споменати обврски во Глава II, III I IV од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и не гарантира за потеклото, безбедноста и контролата на производот, што е спротивно на Европската Регулатива 40/2014 како и Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО која ја имаме Ратификувано во 2006 година. Должни сме да ги почитуваме одредбите на истата, потсетувајќи на член 15 од Рамковната конвенција за контрола на тутунот од СЗО, потписниците се обврзани за елиминирање на сите форми на недозволена трговија со тутун и тутунски производи, вклучувајќи криумчарење и нелегалното производство, што е суштинска компонента на контролата на тутунот, вели Лашкоска.

Таа додава дека обврска е да се почитува важноста на меѓународните акти и истите да се почитуваат како што се: Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал, Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата и Конвенцијата на Обединетите нации за борба против недозволената трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции

.- Сметаме дека со предложеното изменување и дополнување на Законот ќе се создадат услови на целосно и подобро спроведување на Законот и истовремено ги повикуваме пратениците од парламентарното мнозинство да дадат поддршка на измените и дополнувања кои што ги бараат и истовремено ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите, потенцира пратеничката – Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе