ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Членките на „Преродба„ и активистките од ВМРО ДПМНЕ вапцуваа црвени јајца и ги донираа

1.621

Традиоционална и хуманитарна дружба – членките на женското здружение „Преродба„  кое ја негува традицијата и ги чува традиционалните вредности и активиските на  Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп денеска на Велики Четврток , како што налага велигденската традицијата, заедно вапцуваа велигденски јајца во црвена боја,  во знакот на христијанството.  Дружбата беше интересна, забавна и корисна.  Заедни дамите вапцаа околу 150 јајца .

Сите вапцани јајца  од оваа акција и дружба потоа беа донирани во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник„- Прилеп ,  со цел штитениците од домот да ја почуствуваат велигденската радост .

 

Инаку жените од Здружението „Преродба„рано утрово ,во знакот на зачувување на адетите и традицијата вапсаа велигденски јајаца и преносоа техниката за вапцување и значењето на вапцувањето јајаца на Велики Четврток

 

Лилјана Ѓорѓиеска, претседателка на здружението „Преродба” ја нагласува целта за негувањето на традиционалните адети за сите празници, посебно за Велигден. Вели се загубиле вредностите и сака да се вратат.

– Нашата основна цел е да им покажеме на новите генерации дека не се откажуваме од традиционалните вредности кои, за жал, во овие тешки времиња, се загубија. А поврзаноста, почитувањето, простувањето и љубовта мора да ги има. Тоа е основата на нашето постоење. Настојуваме да ги вратиме и да ги задржиме, вели Ѓорѓиеска.

И оваа адет, вапсанување на велигденски јајца за членките од од здружението „Преродба” остануваат  симбол на чувањето на традиционалните вредности и негување на обичаите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: