ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Марко Ристески најсреќен во Прилеп, Костадин Петкоски во Мало, а Валентин Пуцакоски во Големо Коњари

1.576

Тринаесет годишниот ученик од ООУ Рампо Левката, Марко Ристески, беше најсреќеното момче кое го извади осветениот крст од водите во дворот на Стара Црква – Св Благовештение, каде претпладнево се одржа положувањето на крстот.

 

Годинава, како што одлучи Преспанско-пелагониската епархија  поради пандемијата со Ковид 19, изостана масовното одбележување на големиот православен празник Богојавление – Водици во Прилеп.

Во духот на традицијата од рано утринава, во црквите во прилепско, по повод празникот Богојавление – Водици  се одржа Света Божествена литургија, по што следеше светото положување на крстот во населените места.

Во Мало Коњари традиционално, во базен во дворот на црквата Пресвета Богородица, беше положен светиот крст, при што најсреќен годинава беше Костадин Петкоски.

Во Големо Коњари, најсреќен во водите во паркот на ова населено место беше Валентин Пуцакоски

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: