ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Монистра – целовечерен концерт во Прилеп

568

 

На просторот околу Градскиот саат целовечерен концерт ќе одржи етно составот МОНИСТРА во четврток 16 август со почеток од 20.30 часот.
Етно составот „Монистра“изучува, негува, го чува и го презентира најубавиот дел од културното наследство на Македонија, а тоа секако е македoнската изворна музика.

Почетоците датираат уште од 1992 година кога членовите на составот стануваат дел од КУД „Цветан Димов“ од Скопје. Сите се музички образовани, а нaстапувале и на Фестивалот на изворни инструменти н песни „Пеце Атанасовски“.
На концертот во Прилеп, етно составот „Монистра“ ќе исполни изворни народни песни, ќе отсвири виртуозни ора и ќе го претстави својот специфичен музички израз, кој досега го промовирале на бројни музички манифестации и фестивали низ Македонија и во странство.
Етно составот го сочинуваат:
Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, Габриела Јанушеска – вокал, Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски, Дамјан Зифовски – ударни
Концертот во Прилеп е со поддршка на Министерството за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: