ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Москва денес“ во Прилеп

1.102

Во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во присуство на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак, рускиот аташе за култура, како и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски беше отворена изложба на фотографии „Москва денес“, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
Изложбата, којашто се базира врз основа на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. На неа се претставени реномирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.
Изложбата „Москва Денес“ се реализира во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија и е проект на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: