ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МТФ„Вoјдан Чернодрински“ ќе започне на 8-ми јуни -12-сет претстави во конкуренција

635

53-то издание на МТФ„Вoјдан Чернодрински„ ќе започне на 8 јуни, а ќе заврши на 15 јуни. Во официјалната програма ќе бидат прикажани 12-сет претстави, „избрани од 30-сет претстави од сите театри во Македонија“истакна уметничкиот директор на фестивалот, Катарина Хаџи Василева Коцевска

 

Катарина Коцевска, уметнички директор на фестивалот

 

Претстави во селекција на 53-тииот Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“

  1. Клетници – Виктор Игро, режија Мартин Кочовски – Театар Војдан Чернодрински, Прилеп
  2. Жените – Роберт Томас, режија Ќендрим Ријани – Албански театар Скопје
  3. Ничија земја – Данис Тановиќ, режија Александар Морфов – Македонски народен театар – Скопје
  4. Бог на масакрот – Јасмина Реза, режија Нела Витошевиќ – НУЦК Ацо Шопов, Штип
  5. Крал Лир – Вилијам Шекспир, режија Диего де Бреа – Турски театар – Скопје
  6. Ужегнатост – Иван Вискочил, режија Владимир Милчин – независна театарска груша Артопиа
  7. Дони Дарк – Леонард Герш, режија Роберт Ристов – Театар комедија – Скопје
  8. Царот Владислав – Борис Јанков, режија Бранко Ставрев – НУЦК Антон Панов – Струмица
  9. Лет над кукавичјото гнездо – Дејл Васерман и Кен Киси, режија Ристо Алексовски – Драмски театар Скопје
  10. Еднаш свет изградив – по романот на Сидарта од Херман Хесе, текст и режија Јане Спасиќ – театар за деца и младинци – Скопје
  11. Тоалет за дами – Родолфо Сантана, режија Дејан Дамјановски – театар Јордан Х.К. Џинот – Велес
  12. Доктор Фауст – Кристофер Марлоу ( и авторски текстови на режисерот, драматургот и актерската екипа), режија Андраш Урбан – Народен театар Битола

Награди За Животно дело

Со големо задоволство истакнувам дека награда за животно дело се две големи имиња. Едниот е актер Петар Арсовски, другиот е големиот композитор Љупчо Константинов. Фестивалот ќе се отвори со претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар, а за затворањето сеуште преговараме, бидејќи не можеме да кажеме дали во зависност од техничките можности може да се донесе таа претстава и неможам да ја кажам сега“, рече уметничкиот директор на фестивалот Катарина  Коцевск на денешната прва прес конференција со новинарите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: