ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На Денот на театарот опозицијата праша “каде е новиот театар во Прилеп?“

601

Денеска по повод Светскот Ден на театарот од ОК на ВМРО ДПМНЕ одржаа прес конференција пред прилепскиот театар и ги праша властите „каде е новиот театар во Прилеп?„ . Христијан Тунески, секретар на УМС на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп меѓудругото рече:

„Денес е 27 март, денот кога се одбележува светскиот ден на театарот, прашуваме каде е новиот театар? Остана ли предизборно ветување на Илија Јованоски градењето на новиот театар? Уште едно лажно и нереализирано ветување на Јованоски кој не само на прес, туку и на трибина тврдеше дека ќе изгради театар во неговиот мандат. Дали Градоначалникот им даде лажно ветување и на прилепските актери на средба во Општината?Градоначалник, имате уште 6 месеци од мандатот, а нов театар во Прилеп нема! Дали и понатаму ќе се замајува јавноста со најразлични изговори, дека се работи за реализација на новиот театар? Одговорете им на граѓаните, кога Прилеп ќе има нов театар? Наместо да заглавувате во бирократски лавиринти можевте да го искористите подготвениот проект од ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година и да заштедите и време и пари. Во декември токму од Прилеп, Заев изјави дека се трансферирале 4,5 милиони денари за изработка на главниот проект за театарот, кој што следната година требало да биде изграден! Па, ние прашуваме, што е мрднато по ова прашање во овие три и пол месеци, каде е проектот за кој биле префрлени тие пари и дали воопшто, оваа власт има намера да го започне фамозниот театар кој го ветуваат четири години? Досега ќе се изградеше мавзолеј, а не само театар, но за оваа власт градењето е мисловна именка, ама затоа, за уништувањето се експерти. Во сите области! Како Прилепчани горди сме на ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“, патем кого СДСМ го избриша од субјект, кој со своите маестрални настапи и многубројни претстави, е еден од најдобрите во земјава.Денес на светскиот ден на театарот има упатуваме честитки на актерите и очекуваме по пандемијата да продолжиме да уживаме во нивните перформанси.Со ВМРО-ДПМНЕ ќе го вратиме препознатливиот сјај на културно поле во Прилеп. Културата и уметноста ќе бидат наш приоритет.“- рече, Христијан Тунески, секретар на УМС на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп

https://www.facebook.com/okprilep/videos/783884272229755
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: